Дома Фудбал Тевез каков што го паметиме – гол во 95-та минута за победа на Бока! (ВИДЕО)

Тевез каков што го паметиме – гол во 95-та минута за победа на Бока! (ВИДЕО)

За вчерашниот триумф над бразилскиот Атлетико Параненес Бока Јуниорс може да му се заблагодари на искусниот Карлос Тевез.

Бока вчера го пречека Атлетико Параненс во последното коло од групата Г во Копа Либертадорес и славеше победа со резултат 2:1.

На домаќиот потребен му беше пресврт бидејќи бразилскиот тим стигна до водство во 66-тата минута преку Рубен.

Лопез изедначи во 72-та миута на 1:1, за длабоко во судиското продлжение за пресврт и победа на Бока да погоди Карлос Тевез кој влезе во игра за 70-тата минута.

Тевез голманот на гостите го матираше „од прва“ од врвот на казнетиот простор и така го обезбеди првото место на својата екипа во групата Г.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Чурлинов со лоб го отвори Раков и стигна до четвртиот лигашки гол

Дарко Чурлинов погоди уште во петтата минута на гостувањето кај Раков. Македонскиот напаѓа…