Ѕвездата на Јувентус, Кристиано Роналдо повторно е топ тема во сите спортски медиуми после „небесниот“ скок кој го направи на мечот против Сампдорија.
Медиумите се обидоа да ја откријат тајната на неговата добра форма и исклучителните атлетски параметри. Португалецот работи напорно во два правци – правилна исхрана и специјални физички тренинзи.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Надвор од менито на Кристиано секогаш биле алкохолот, шекерот и чоколадото. Лебот е неразделен дел од неговата исхрана, како и пастата. На неговото мени никогаш не отсуствуваат овошјето, зеленчукот, рибата и кафениот ориз.
Салатата од пресни домати, тортилјата и пилешкото месо исто така се незаменливи на неговата трпеза. Роналдо исто така користи и хранливи суплементи од кои има потреба неговиот организам.
Режимот на исхрана е поврзан со часот на тренинзите и натпреварите. Доручекот секогаш му е богат со јаглехидрати, кои треба да бидат „потрошени“ за време на тренингот. Роналдо обрнува големо внимание и на хидратацијата на телото и внесува големо количество на течности.
Во спортскиот центар работи заедно со професорот Антонио Пинтус, одделувајќи сериозно внимание на различни мускулни групи. Тајната на добриот скок се должи на добрата работа со квадрицепс, трицепс и бицепс, како и мускулатурата на грбот.
Иако има полни 34 години, ѕвездата на Јувентус се наоѓа во извонредна физичка форма, а тоа се должи и на правилното дозирање на силите во долгата фудбалска сезона и најмалку 8 часа квалитетен сон.