Таткото на Ерлинг Халанд, Алф-Инге изрази надеж дека напаѓачот ќе се врати на терените пред Божиќ.
Како што е познато напаѓачот на Борусија Дортмунд во моментов се опоравува од повреда на бутниот мускул.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Релативно добро му оди со оглед на ситуацијата, но ќе отсуствува уште некое време. Би било бонус ако добие некои натпревари пред Божиќ, но тоа е малку веројатно“, рече Алф Инге.
Ова значи дека Халанд ќе ги пропушти преостанатите седум натпревари во Бундеслигата, но и последните два меча од групната фаза во Лигата на шампиони.
Erling Haaland might not play again in 2021 😳
— Goal (@goal) November 3, 2021
Alf-Inge Haaland to TV2: "It would be a bonus if he gets some games before Christmas, but it's rather unlikely." 😔 pic.twitter.com/suTI66Pmlv