Таткото и личен менаџер на Нејмар гарантира дека неговиот син ќе остане во Пари Сент Жермен.
Во последно време се погласни се шпекулациите дека Нејмар не е среќен во Париз и дека сака да се врати во Шпанија.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Пред неколку дена шпанските медиуми дури објавија дека Бразилецот им се поверил на своите пријатели дека никогаш повеќе нема да го облече дресот на ПСЖ.
„Сегашноста и иднината намојот син се во ПСЖ“, категорично потврди Нејмар сениор на пресконференција во Бразил заедно со претседателот на „светците“ Насер Ал Келаифи.
„Нејмар е среќен, мотивиран и со голем ентузијазам чека да се врати што е можно побрзо на терените. Очекуваме да се врати при крајот на сезоната“, изјави претседателот Ал Келаифи.