Таткото на Едисон Кавани истакна дека би сакал неговиот син да се пресели во редовите на Атлетико Мадрид.
Веќе долго време се шпекулира за овој трансфер, Кавани има договор со Атлетико, но двата клуба никако не можат да се договорат за трансфер во јануари, иако договорот на напаѓачот со ПСЖ истекува на крајот на сезоната.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Тој сака да се пресели во друг тим во Европа. Тоа што ќе ме задоволи е ако тој потпише за Атлетико Мадрид. Симеоне го посакува сега, тренерот на ПСЖ исто така истакна дека посакува да остане во тимот“, изјави Луис Кавани.
„Сепак, ПСЖ не сака тој да оди во Атлетико доколку не се стигне до договор. Мислам дека има голема шанса тој да игра за Атлетико, а опцијата тој да се пресели таму останува и за во јуни. Има многу други клубови, но кога ќе дадете збор на еден клуб треба да го почитувате“, додаде таткото на напаѓачот.
After 7 years at PSG, Edinson Cavani wants out ? pic.twitter.com/0Thztm9hGx
— B/R Football (@brfootball) January 20, 2020