Добро познато е каков хаос се случи после борбата помеѓу Конор Мекгрегор и Кабиб Нурмагомедов, казните за случувањата требаше да бидат соопштени на почетокот на декември, но тоа не се случи.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Сега на оваа тема во медиумите зборуваше таткото на Кабиб кој откри дека казната за неговиот син ќе биде жестока, според него должината на суспензијата и паричната казна веќе се познати.
„Навистина не знам како се ќе заврши. Според она што го знам ќе добиеме казна од половина милион долари и суспензија за мојот син од девет месеци. Вакво нешто не смееше да се случи, сепак, се надеваме на светла иднина“, изјави таткото на шампионот лесната категорија.
Ќе потсетиме во спортскиот свет веќе подолго време на големо се зборуваа за борба на Кабиб против Флојд Мејведер.