Дома Трансфер зона Талентот на Барса се сели во Гетафе

Талентот на Барса се сели во Гетафе

Талентот на Барселона, Карлес Алења ќе се пресели во Гетафе на позајмица до крајот на сезоната, пренесуваат каталонските медиуми.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Во договорот помеѓу двата клуба нема опција за откуп на играчот од страна на Гетафе, па сигурно ќе се врати на „Камп Ноу“ на крајот на сезоната.

Алења минатата сезона шест месеци помина на позајмица во Бетис, се врати во Барселона, каде не добива голема минутажа.

23-годишниот играч за врска оваа сезона има одиграно само 170 минути, па и самиот инсистираше да ја промени средината во потрага по поголема минутажа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…