Дома Фудбал Англија Така тоа го прави Тотенхем: Изгради стадион од милијарда фунти и го сруши рекордот на Ливерпул

Така тоа го прави Тотенхем: Изгради стадион од милијарда фунти и го сруши рекордот на Ливерпул

Toтенхем вчера конечно заигра на новиот стадион.

Тимот на Тотенхем долго време чекаше, а вчера конечно заигра на еден од најдобрите стадиони во светот. Како може да не биде еден од најдобрите кога Тотенхем во овој проект вложи милијарда фунти.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Сепак, иако имаа огромни вложувања, Тотенхем оствари и рекорден профит и така за оваа сезона „петлите“ пријавија приход од неверојатни 113 милиони фунти.

Добар дел од профитот дојде од фактот бидејќи играа на „Вембли“ и имаа многу повеќе публика на натпреварите. Заработија само 42.6 милиони фунти од посети на стадионот, а тука се секако ТВ правата и парите добиени за настапот во Лигата на шампионите.

Тотенхем така може да се пофали дека заработил повеќе пари од било кој друг тим, зад нив според профитот е Ливерпул со приход од 106 милиони фунти.
Интересно е што за 2018 година вкупните приходи на Спарсите изнесуваа 380 милиони фунти, а оваа сума во годината која следи би требало да биде многу поголема.

Пред Ливерпул кој ги заработи тие 106 милиони фунти рекордот го држеше Лестер со заработени 80 милиони фунти во сезоната 2016/2017.

Ќе потсетиме Тотенхем е единствениот клуб од посилните првенства кој претходните два преодни рока буквално ги преспа и не купи ниту еден играч. Во летото кое следи се очекува тоа да се промени.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Челзи никогаш во историјата не примил повеќе голови во Премиер лигата

Eкипата на Челзи вчера претрпе тежок пораз од 5:0 против Арсенал и тоа за „топџиите“ беше …