Дома Фудбал Тажна вест: Почина Луис Суарез, легендата на Барса и Интер

Тажна вест: Почина Луис Суарез, легендата на Барса и Интер

ЛУИС СУАРЕС МИРАМОНТЕС почина на 89-годишна возраст по кратко боледување. Тој беше легендарен шпански фудбалер.

Во кариерата играше за Депортиво, Еспана Индустриал, Барселона, Интер и Сампдорија.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


За шпанската репрезентација одигра 32 натпревари од 1957 до 1972 година и постигна 14 гола.

Најголем белег остави во Барселона и Интер. Тој помина шест години во Барселона и девет во Интер.

Двапати беше шпански првак со Барселона, трипати италијански шампион и двапати европски првак со Интер.

Во 1960 година, Суарез ја освои Златната топка, наградата за најдобар фудбалер во светот. Тој славеше пред Ференц Пушкаш од Реал.

По завршувањето на својата играчка кариера, тој беше тренер повеќе од 20 години. Во неколку наврати раководеше со Интер, а три години беше селектор на Шпанија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

За Англичаните Пикси е најлошиот селектор на ЕП

Според англискиот магазин и портал „FourFourTwo“ селекторот на српската репрезентација – Д…