Дома Македонски спорт Мак ракомет Тажна вест: Почина еден од основоположниците на модерниот македонски ракомет

Тажна вест: Почина еден од основоположниците на модерниот македонски ракомет

Денеска на 81-годишна возраст почина Лефтер Бошковски, кој беше голем спортски работник, професор, тренер и човек кој воведе модерен ракомет во Македонија.

Бошковски важаше за еден од основоположниците на модерниот македонски ракомет. Ракометните чекори и образование го стекна во Романија, за потоа професионално да продолжи во Македонија. Во својата тренерска кариера беше селектор на женскиот сениорски национален тим, тренер на РК Вардар, Работнички и Кометал ЃП.


Србија прв тест за "големиот" најскап фаворит! Холандија во проблеми! ↓↓↓


Го основаше и женскиот ракометен клуб Олимпик, каде приоритет му е развојот на млади ракометари.

Сите го препознаваат како тренер кој знае да препознае талент, знае да пренесе знаење, има трпение и пред се голема љубов кон ракометот и пренесување на неговите тајни.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Хаос во Гелзенкирхен: Се тепаа албански и српски навивачи! 🎥

Во Гелзенкирхен каде што вечерва треба репрезентацијата на Србија да игра против Англија с…