Британскиот новинар Мајк Диксон (59) почина во Мелбурн каде што го следеше Австралија Опен.
Диксон на 27-ми јануари требаше да го прослави 60-тиот роденден. Како новинар на „Дејли Мејл“ работеше од 1990 година. На почетокот следеше крикет, а подоцна се специјализираше за тенис.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Сопругата на на Диксон се огласи преку социјалните мрежи испраќајќи емотивна порака.
„Уништени сме што нашиот прекрасен сопруг и татко, Мајк изгуби свест и почина додека беше во Мелбурн на Австралија Опен. Го живееше својот сон 38 години покривајќи го спортот ширум светот. Беше навистина голем човек кој многу ќе ни недостасува“.
По неговата смрт од него се простија и едни од најголемите ѕвезди во тенисот како Новак Ѓоковиќ и Рафаел Надал, но и уште многу други.