Дома Фудбал Сцена за која зборува цела Италија: Белоти го бакна својот најголем фан…Бонучи

Сцена за која зборува цела Италија: Белоти го бакна својот најголем фан…Бонучи

Цел свет знае дека синот на Леонардо Бонучи, Лоренцо навива за Торино е и голем фан на Андреа Белоти.

Бонучи уште кога играше во Јувентус не криеше дека неговиот син навива за градскиот ривал, па дури и го носеше на натпреварите на Торино.

Денес на „Сан Сиро“ играа Милан и Торино, па на трибините секако беше и Лоренцо, но не за да го гледа својот татко, туку својот идол – Андреа Белоти.

После натпреварот се случи сцена која ја воодушеви цела Италија. Имено, Белоти појде кај Лоренцо, му го даде својот дрес и си разменија бакнежи.

Доказ дека фудбалот е емоција!

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Од мундијалски бараж до година без победа: тежок биланс за Македонија

Македонската сениорска селекција ја завршува 2026 година со две ремија и осум порази. Седу…