Дома Фудбал Англија Суперкомпјутер пресмета кој ќе биде шампион во Англија!

Суперкомпјутер пресмета кој ќе биде шампион во Англија!

Битката за титулата во англиското првенство оваа сезона е исклучително интересна и сигурно ќе продочжи до последното 38-мо коло, а ќе заврши со триумф на Ливерпул, пресмета суперкумпјутер.

Тимот на Јирген Клоп одигра реми без голови против Манчестер Јунајтед, но според сметките на Football Web Pages токму тој бод ќе биде одлучувачки во шампионската трка со Манчестер Сити.


Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓


Суперкомпјутерот дојде до крајно решение според базата на претходни резултати и веројатности, за да го прогнозира секој резултат до крајот на сезоната.

Најверојатната крајна табела, пресметана на 25-ти февруари, го поставува Ливерпул на чело на табелата со 99 бода, пред Манчестер Сити со 98 бода. Интересно, суперкомпјутерот не очекува „црвените“ и „граѓаните“ да загубат бодови до крајот на првенството и тврди дека двата тима ќе победат на сите натпревари притоа ќе примат само еден гол.

Ако пресметките се покажат како точни, Тотенхем ќе заврши на третото место со 82 освоени бода, а на четвртото место ќе биде Манчестер Јунајтед со 73 бода.

Челзи треба да заврши на 5-то место со 72 бода, еден бод повеќе од Арсенал, а во втората лига ќе се преселат Саутемптон, Фулам и Хадерсфилд.

Натпреварите на Ливерпул до крајот на сезоната:

Ливерпул – Ватфорд – 2: 0
Евертон – Ливерпул – 0: 1
Ливерпул – Барнли – 3-0
Фулам – Ливерпул – 0: 2
Ливерпул – Тотенхем – 2-0
Саутемптон – Ливерпул – 0: 1
Ливерпул – Челзи – 2: 0
Кардиф Сити – Ливерпул – 0: 2
Ливерпул – Хадерсфилд – 4: 0
Њукасл – Ливерпул – 0: 1
Ливерпул – Вулверхемптон – 2-0

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Исчезна внука на познат српски тренер, полицијата насекаде ја бараше пет дена

Внуката на поранешниот српски фудбалер и тренер Драгослав Степановиќ неодамна исчезна во Г…