Дома Фудбал „Суперкомпјутерот“ вели: Арсенал ќе биде шампион, Тотенхем, Челзи и Ливерпул нема да играат ЛШ

„Суперкомпјутерот“ вели: Арсенал ќе биде шампион, Тотенхем, Челзи и Ливерпул нема да играат ЛШ

Сезоната во Премиер лигата веќе е на половина, а досега најдобро му оди на тимот на Арсенал кој е лидер со осум бода повеќе од Манчестер Сити.

Тимот предводен од Микел Артета игра одлично, меѓутоа се уште дел од јавноста смета дека „топџиите“ можат да загубат „здив“ и да попуштат во финишот.

Гери Невил кој има улога на аналитичар прокоментира дека Арсенал на крајот не само што нема да биде шампион, туку нема да биде ниту второпласирна (тука).

Сепак, суперкомпјутерот на британски „Сан“ има поинаква најава. Имено, според него клубот од северен Лондон ќе стане шампион со шест бода предност во однос на Сити.

Манчестер Јунајтед е сместен на третата позиција, Њукасл четврти. Ова би значело дека во наредната сезона Тотенхем, Ливерпул и Челзи нема да ги гледаме во Лигата на шампионите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Јајсле го предупреди Њукасл: Палас е ранет и ќе бара одговор

Двете екипи бараат излез од резултатската криза, а Њукасл на „Селхурст парк“ би можел да б…