Денес Мејсон Гринвуд беше ослободен од обвинувањата бидејќи кралското обвинителство не нашло докази да го продолжи случајот и тоа значи дека 21-годишникот може да продолжи да игра фудбал.
Гринвуд беше суспендиран од Манчестер Јунајтед во текот на случајот, а засега од „црвените ѓаволи“ не потврдуваат дали веднаш ќе биде вратен во составот.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Клубот излезе со кратко соопштение наведе дека ќе има свој процес во кој ќе ги утврди деталите.
„Манчестер Јунајтед ја слушна одлуката на Обвинителството дека се отфрлени обвинувањата кон Мејсон Гринвуд.
Сега клубот ќе спроведе сопствен процес во кој ќе ги одреди следните чекори. Нема да даваме дополнителни коментари додека процесот не биде завршен“, стои во соопштението.
Преостанува сега да видиме дали Гринвуд ќе продолжи да биде дел од Јунајтед или ќе бара нов клуб, неговиот договор беше до 2025 година, но многу веројатно поради скандалот Манчестер Јунајтед има опција целосно да го раскине.