Ситуација каква што ретко се гледа се случи во Шпанија, а „најдебелиот“ крај го извлече судијата Цезар Новал кој е исфрлен од листата на судии за новата сезона во Примера.
Имено, тој е отстранет од листата ма причината е што се фотографирал со неколку фудбалери од Примера. Новал бил на летување заедно со играчи од Примера помеѓу кои беа Ангуло Парехо, Солдадо и Дел Хорно.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Не можам да верувам дека се одлучија да направат такво нешто. Се е поради фотографијата со одредени фудбалери. Својата работа секогаш ја работев максимално посветено и професионално. Немам проблем со тоа што сум пријател со некои од фудбалерите“, изјави Новал.
Поради оваа фотографија Новал наредната сезона место во Примера ќе суди во понизок ранг.