Фудбалерите на Лион ја прекинаа серијата од два последователни порази откако го совладаа Марсеј со 1:0 во натпреварот од 20. коло на францускиот шампионат и освоија важни бодови во борбата за останување во лигата.
Со овој натпревар беше прекината и серијата од девет последователни средби на кои Марсеј освои барем бод, но помалку се зборува и пишува за тоа отколку за она што се случи по судискиот свиреж за почеток на натпреварот.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Гостинската екипа можеше да поведе веќе во првите секунди од натпреварот. Во моментот кога судијата означи почеток, Амине Харит ја шутна топката од центарот и ја погоди гредата над главата на неподготвениот Ентони Лопес. Лион победи со голот на Александре Лаказет во 37. минута од натпреварот.