Дома Фудбал Останато Судијата кој не го призна голот на Роналдо доби отказ

Судијата кој не го призна голот на Роналдо доби отказ

Дани Микели, главниот судија од дуелот помеѓу Србија и Португалија во квалификациите за СП, му даде отказ на својот долгогодишен помошник Мари Дикс.

Токму Дикс во третата минута од судиското продолжение направи превид и не му призна чист гол на Кристиано Роналдо, иако топката со цел обем ја мина гол линијата.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


„Долги години работам со Мари и разбирате дека ова е тешка одлука за мене и затоа нема да ја коменитарам“, изјави Микели.

„Ова е големо разочарување за мене баш пред Европското првенство. Микели ми рече дека сака да продолжи со друг помошник бидејќи ја загубил довербата во мене. Навистина се надевав на поголема поддршка, долго соработуваме, грешки се случуваат“, изјави Дикс.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Аморим ќе избрка три ѕвезди од Јунајтед – познати се нивните имиња!

Според медиумите, тренерот на Манчестер Јунајтед, Рубен Аморим, нема милост и ќе избрка тр…