Вистинско лудило беше видено на двата синоќешни натпревари кои се одиграа во рамките на 3.коло на Африканскиот куп на нации.
Двата натпревари завршија со идентични резултати, 2:2.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Мозамбик играше со Гана, а гостите веќе по петнаесет минути игра имаа предност од 1:0. Ају постигна гол од белата точка.
Истиот играч повторно беше стрелец, повторно од пенал, а овој пат погоди во 70. минута.
А потоа вистинска лудница во режија на Мозамбик. Најпрвин во 91. минута од пенал намалија на 2:1, а голот го постигна Катамо.
Три минути подоцна, израмнување во кое никој не веруваше. Шекил запиша асистенција, а Мандава го постигнува голот.
Фудбалерите на Зеленортските Острови одиграа 2:2 против Египет иако имаа предност по првото полувреме.
Бенчимол постигна гол во првата минута од судиското надополнување во првото полувреме за водство на својот тим.
Трезеге го израмни резултатот во 50. минута, а вистинското лудило се виде во судиското надополнување и на овој меч.
Најпрво Мостафа Мохамед го доведе Египет во водство во 93. минута, но во 99. минута Тешеира и донесе бод на својата репрезентација.