Дома Македонски спорт Мак фудбал Судиска анализа за ПМФЛ: Шкупи оштетен за пенал, голот на Силекс бил регуларен!

Судиска анализа за ПМФЛ: Шкупи оштетен за пенал, голот на Силекс бил регуларен!

Судиска комисија на ФФМ ги разгледа спорните моменти од 3. коло на ПРВА МФЛ и ги донесе следните заклучоци:

На натпреварот ФК Шкупи – ФК Силекс одигран на 20.08.2023 година, анализирани се ситуациите од 6, 77 и 90+2 минута.

Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓

Главенсудија: Јован Качевски; Помошни судии: Даниел Василевски и Бранко Путилин:

6. минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (недосуден пенал за домашната екипа)

Играч на домашната екипа продираше странично во шеснаесетникот на гостинската екипа, играч од гостинската екипа минимално го турна со лакт од зад грб и по тој минимален контакт играчот на домашната екипа падна.

Исправна одлука на главниот судија што дозволи играта да продолжи, бидејќи туркањето на играчот на гостинската екипа над играчот на домаќините беше минимално и недоволно за пенал.

77. минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ И ПРВИОТ ПОМОШЕН СУДИЈА (недосудено офсајд позиција за гостинската екипа – голот е регуларен)

Играч од гостинската екипа ја имаше топката во свој посед пред шеснаесетникот на домашната екипа, пред да упати удар кон голот на домаќините, играч од домашната екипа ја удри топката и таа дојде до играч од гостинската екипа кој се наоѓаше зад претпоследнот играч од домашната екипа, ја прими и постигна гол.

Исправна одлука на главниот и првиот помошен судија, оваа ситуација беше многу тешка за проценка бидејќи играчот на домаќините пред да ја удри топката и таа стигне до играчот на гостите, имаше играч од домаќините кој се подготвуваше да шутира (мала близина меѓу играчите).

90+2 минута: ПОГРЕШНА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (недосуден пенал за домашната екипа)

Играч од домашната екипа центрираше во шеснаесетникот на гостите, топката се одби од играч на домаќините и не беше во ничиј посед, до одбиената топката стигна друг играч од домаќините и пред да упати удар кон голот на гостите играч од гостинска екипа сакајќи да ја избие топката направи невнимателен и недозволен старт со нога во задниот дел од телото (удар со нога во задна ложа и задникот) на противничкиот играч.

Погрешна одлука на главниот судија што доволи играта да продолжи, во оваа ситуација требаше да досуди пенал за домашната екипа поради невнимателен и недозволен старт со нога, на играч од гостинската екипа во задниот дел од телото (удар со нога во задна ложа и задник) на противнички играч.

Како судиска комисија не сме задоволни во неколку ситуации од комуникацијата и соработката на судискиот тим.

Комплетната анализа можете да ја прочитате – ТУКА.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Столе Димитриевски спремен да преговара за трансфер во Саудиска Арабија?

Maкедонскиот голман Столе Димитриевски според информациите на дел од медиумите има понуда …