Даниел Субашиќ синоќа стана херој на Хрватите откако со одличните одбрани во пенал серијата ја однесе Хрватска во четвртфиналето на СП.
„Пеналите се лотарија, потребно ви е многу среќа. Некогаш имате среќа, а некогаш не. Ние овој пат имавме среќа, а јас секогаш во ваквите ситуации се обидувам да го применам своето искуство. Сега во Сочи не чека Русија.“ – истакна Субашиќ после синоќешната драма.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Хрватскиот чувар на мрежата откри и една занимливост. Имено, неговата сопруга Антонија повеќе не доаѓа на натпревари.
„Не дозволувам на сопругата да доаѓа да ги гледа моите натпревари. Еднаш дојде на стадионот и ние изгубивме, тогаш и кажав во иднина да остане дома и од таму да ги гледа моите натпревари.“