Дома Фудбал Лига на шампиони Суарез објави нова фотографија, овој пат од теренот на „Енфилд“: Место на кое секогаш ќе бидам балгодарен

Суарез објави нова фотографија, овој пат од теренот на „Енфилд“: Место на кое секогаш ќе бидам балгодарен

Уругваецот Луис Суарез вечер после долго време повторно ќе истрча на „Енфилд“, стадионот каде што од 2011 од 2014 година помина прекрасен период.

Суарез со својата Барселона е на добар пат да обезбеди финале во Лигата на шампионите бидејќи во првиот натпревар Каталонција во Шпанија ги добија „црвените“ со 3:0.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Сегашниот напаѓач на Барселона во тој натпревар беше стрелец на првиот гол за кој одлучи да го прослави, но за денешниот натпревар на вчерашната конференција порача дека нема да слави ако постигне погодок.

„Имам голема почит кон навивачите на Ливерпул. Многу сум им благодарен. Доколку постигнам гол во овој натпревар нема да славам на ист начин“

Суарез објави и фотографија од „Енфилд“ под која напиша.

„Секога е убаво да се вратите на место каде што сте добиле толку многу љубов. Место на кое секогаш ќе му бидам благодарен. Спремен сум да ја завршам мојата работа и да ги остварам моите соништа“, стои во текстот на Суарез.

И претходно Суарез уште при пристигнувањето на Барселона во Ливерпул исткана дека е возбуден поради враќањето на местото каде што некогаш беше миленик.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Дерби на денот: Германски тест за арапските милиони

Денес во фокусот ќе биде вториот полуфинален дуел од Лигата на шампиони помеѓу Борусија До…