Дома Фудбал Суарез на најдобар начин објасни колку Тер Штеген е важен за Барселона

Суарез на најдобар начин објасни колку Тер Штеген е важен за Барселона

Германскиот голман Марк-Андре тер Штеген во последно време се наоѓа на мета на шпекулации дека на крајот од сезоната ќе ја напушти Барселона.

Тер Штеген во каталонскиот клуб пристигна летото 2014. година и важи за еден од најдобрите светски голмани. Овој 28-годишен голман со Барселона има догововор до летото 2022. година, но бара од Барселона значително поголема плата.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Меѓутоа, тие се уште не постигнале договор поради што се почести се шпекулациите дека Тер Штеген може да ја напушти Барса на крајот од сезоната.

Навивачите се надеваат дека клубот ќе пронајде некое решение и ќе го задржи Тер Штеген бидејќи е важен член на овој тим. Со своите одбрани многу пати го спасуваше клубот и на многумина не им е јасно како Барса се уште не му понудува нов подобар договор.

За каков голман се работи најдобро покажува изјавата на Луис Суарез, според кој Тер Штеген без дилеми е најдобриот светски голман, а уругвајскиот напаѓач го објасни своето мислење.

„Марк е како играч за врска. Начинот со кој ја упавува топката е одличен. Без дилеми поради тоа за мене е најдобриот голман на светот.“ – изјави Суарез.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Левандовски: Зошто би заминал од Барселона?

Полскиот напаѓач, Роберт Левадовски порача дека не размислува за заминување од Барселона, …