Голгетерот на Барселона, Луис Суарез во разговор со уругвајските медиуми зборуваше за својот статус во Барселона и откри какви му се плановите во иднина.
Суарез набргу ќе наполни 33 години и се наоѓа на залезот на кариерата, па медиумите шпекулиураат дека ја игра последната сезона во Барселона.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Напорно е, секои три дена минувате тестови, нема одмор и нема простување за лоши натпревари. Не е лесно да се игра за таков клуб, особено не е лесно да се игра пет години по ред. Ќе дојде време кога ќе морам да ја напуштам Барселона“, изјави Суарез.
Веќе некое време се шпекулира дека Барса ќе се обиде да го продаде Суарез на крајот на сезоната и веќе бара негова замена.
Последните информации говорат дека Суарез би можел да се врати во Ајакс, каде би играл една година со цел да биде во топ форма за Светското првенство 2020 година.