Дома Фудбал Останато Суарез: Куман преку телефон ми кажа дека не смета на мене

Суарез: Куман преку телефон ми кажа дека не смета на мене

Атлетико Мадрид после репрезентативната пауза на свој терен ќе игра против Барселона, а сигурно во центарот на вниманието во тој натпревар ќе биде Луис Суарез.

Уругваецот ова лето против негова желба ја напушти Барселона откако Роналд Куман го отпиша и на крајот кариерата ја продолжи во Атлетико. Суарез уште на почетокот во Атлетико ја покажа својата класа и на дебито постигна два гола.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


На 21. ноември, Атлетико ќе ја пречека Барселона, а сега Суарез за мадритски „АС“ изјави дека нема да слави гол против неговиот поранешен клуб.

„Нема да славам ако постигнам гол од почит кон своите поранешни соиграчи и клубот кој ми даде многу. Тоа за мене ќе биде посебен меч затоа што ќе играм против свои пријатели, но ќе дадам се од себе Атлетико да победи. Сакам да докажам дека и понатаму можам да играм на високо ниво“, изјави Суарез.

На Куман не му замерува премногу.

„Имавме професионален однос. Преку телефонски разговор ми кажа дека не смета на мене, но дека можам да тренирам со тимот додека најдам нов клуб. Во тие три недели бев максимално професионален, едноставно има право и така одлучи, тоа е тоа“, заврши Уругваецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Новинар на „Марка“ го откри планот на Модриќ – може да се случи пресврт!

Кога Лука Модриќ во јули оваа година го продолжи договорот со Реал Мадрид за уште една сез…