Луис Суарез кој сега го носи дресот на Атлетико Мадрид испрати порака до Чави Ернандез да не се враќа сега во Барселона.
На големо се најавува дека Роналд Куман ќе добие отказ посебно после вчерашниот убедлив пораз од Бенфика. Уругваецот го советува Чави во случај Куман набрзо да добие отказ да не ја прифаќа понудата од Барселона.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Во овие моменти во Барселона има војна и таа е штетна за фудбалерите. Го советувам Чави да почека, во овој момент не е идеално време за негово враќање. Тоа нема да му биде паметен потег“, изјави Суарез.
Чави за Барса играше од 2014 година до 2020 година и во тој период постигна 195 гола на 283 натпревари.