Дома Фудбал Суарез во новиот клуб доби спектакуларен пречек и видео порака од Меси 🎥

Суарез во новиот клуб доби спектакуларен пречек и видео порака од Меси 🎥

Луис Суарез како слободен играч потпиша за Насионал, клубот каде што ја започна кариерата.

Поранешниот напаѓач на Барселона утрово пристигна во својата родна земја со приватен авион.

„Убеден сум дека ја донесов вистинската одлука за клубот и земјата во припремите за Светското првенство“, изјави Суарез во интервјуто за клупската телевизија после пристигнувањето на аеродромот во Монтевидео.

Добредоје преку видео порака му посака и неговиот добар пријател и поранешен соиграч Лионел Меси.

„Здраво Гордо (прекарот). Знам колку ти е важен Насионал и враќањето дома во својата земја после толку време. Ти посакувам да бидеш најдобар“, гласеше пораката на Меси.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ајакс со шест гола го растури Митјиланд, Арокодаре блесна со два погодока и асистенција

Ајакс победи со 6-1 на гостувањето кај Митјиланд во Конференциската лига. По 1-1 на полувр…