Македонскиот шампион Струга Трим Лум за првпат во својата историја ќе игра плеј-оф натпревар за влез во групната фаза на едно европско натпреварување.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Стружани ги дели само една пречка за влез од групната фаза од Конференциската лига и тоа Брејдаблик од Исланд, а денес се пуштени во продажба билетите за првиот натпревар од двомечот кој се игра во Охрид.
Струга ќе ги пречека Исланѓаните на стадионот „Билјанини Извори“, додека влезниците се продаваат по цена од 300 денари.
Натпреварот се игра в четврток во терминот од 17:00 часот. Билети може да се купуваат и онлајн преку продажбата мрежа на „Мктикетс“ – ТУКА.