Дома Останати Ракомет Столе: Повреди има, наше е да излеземе и да се бориме, Кокшаров: За промени потребно е време

Столе: Повреди има, наше е да излеземе и да се бориме, Кокшаров: За промени потребно е време

Пред натпреварот во Лигата на шампионите против Мешков Брест во Лигата на шампионите денес прес-конференција одржаа тренерот Едуард Кокшаров и капитенот Стојанче Стоилов.

„Имавме два тешки натпревари, два тешки порази…Имаме проблеми со повредите, не се знае кој ќе игра, наше е да излеземе и да дадеме се од себе“, изјави Стоилов.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Дали Кокшаров нешто променил?

„За сите промени потребно е време. Ако се обидеше веднаш да промениш нешто работите можат да тргнат во лоша насока. Со тек на време работиме на промените“.

Кокшаров беше доведен како привремено решение, дали ќе остане така?

„Не можам да кажам дали јас сум привремено решение, тој одговор го има претседателот. Ние разговараме, но главната улога секогаш ја има Сергеј“.

За повредите…

Атман и Горпишин имаа повреди и денес ќе знаеме дали можат да играат во недела. Столе имаше операција и после таква операција потребно е време да се врати во форма. Јас знам дека Столе секогаш е спремен да влезе и да помогне на тимот, но секоја работа треба да дојде во свое време“, заврши Кокшаров.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

МЗТ: Не сме маалски клуб, нема да дозволиме да се шират лаги и невистини!

Екипата на МЗТ Скопје поминува низ еден тежок период, а клубот сега се огласи со соопштени…