Македонскиот голман Столе Димитриевски би можел да се врати во редовите на Рајо Ваљекано, пренесуваат шпанските медиуми.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Ако Мамардашвили остане во Валенсија, тој ќе биде прв голман, а Димитриевски би бил резерва.
Таа позиција не е прифатлива за македонскиот голман, па затоа во неговиот договор има клаузула дека може да замине за три милиони евра ако Мамардашвили остане во клубот.
Димитриевски како слободен агент ова лето дојде во Валенсија за да биде прв голман и да го наследи Ѓорги Мамардашвили.
Најсилен интерес за Столе покажува Рајо Ваљекано, клубот каде Македонецот ја стекна својата афирмација.