Денес се појавија информации дека македонскиот репрезентативен голман, Столе Димитриевски е пред трансфер во Барселона.
Димитриевски сега се огласи за шпанските медиуми и истакна дека е фокусиран само на настапите со Рајо Валекано.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Не дозволувам тоа да ми го одвлекува вниманието. Немам никакви информации, не би сакал да знам бидејќи може да влијае врз мене. Јас сум фокусиран само на настапите со Рајо Валекано“.
„Сите сакаме да играме за голем клуб, но јас се фокусирам на мојата работа во Рајо. Среќен сум и задоволен, и секогаш добивам поддршка од сите во клубот. Работиме да се подобриме и да му помогнеме на клубот да биде на највисоко можно ниво“, изјави Димитриевски.