Столе Димитриевски, македонскиот голман кој е член на Гимнастик, каде што пристигна од Гранада, имаше што да му порача шпанскиот претставник Реал Сосиедад пред утрешниот натпревар против Вардар.
Според најавите од шпанските медиуми во Скопје се очекуваат да пристигнат околу 300 фанови на Сосиедад.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Натпреварите за Вардар во Европа се како финале, а со каков противник си има работа Сосиедад говори и податокот што во Скопје беа поразени екипи како Фенербахче и Сосиедад. Во овој момент тимот на Вардар е комбинација од младост и искуство што секако е одлично, заедно со Шкендија тој е еден од најдобрите македонски клубови. Ривалството помеѓу Вардар и Шкендија може да се спореди со она помеѓу Мадрид и Барселона. Вардар во овој натпревар нема што да загуби, со секој натпревар во Лигата на Европа тие собираат искуство кое секако ќе им користи во иднина“.
Димитриевски потоа зборуваше и за ситуацијата во ракометот и фудбалот.
„Пласманот во групната фаза од Лигата на Европа е од огромна важност за македонскиот фудбал, тоа е прв пат еден наш клуб да игра во вакво натпреварување. Во Македонија спорт број еден е ракометот, а веројатно знаете дека Вардар минатата година стана европски шампион“, заврши Димитриевски.
Иначе Димитриевски од македонското првенство си замина во 2012 кога беше член на Работнички, а за сениорската селекцијата на Македонија успеа да собере 15 настапи.