Легендата на Барселона, Христо Стоичков го гледа напаѓачот на Наполи Ирвинг Лозано како иделно засилување за каталонскиот клуб.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Стоичков одлично ги познава квалитетите на мексиканскиот репрезентативец и смета дека одлично би се вклопил во стилот на Барселона.
„Тоа момче многу ми се допаѓа. Игра на лесен и едноставен начин. Би сакал еден ден да го видам во Барселона. Ќе видиме дали раководството ќе ме послуша, Лозано може да направи исклучителни нешта“,смета Стоичков.
25-годишниот Лозано пристигна во Наполи од ПСВ, а оваа сезона е еден од најдобрите поединци во тимот на Гатузо.