Дома Трансфер зона Наполи продава играч во Саудиска Арабија, па го менува со Јапонец?

Наполи продава играч во Саудиска Арабија, па го менува со Јапонец?

Италијанските медиуми пренесува дека крилниот играч на Наполи, Ирвинг Лозано е мета на на засега непознат клуб од Саудиска Арабија. Лозано е 27-годишен мексикански репрезентативец кој во Наполи пристигна пред четири години од ПСВ за сума од 45 милиони евра

Иако добиваше шанса, сепак не ја оправда вложената сума и не ги повтори настапите од дресот на холандскиот клуб. Договорот кој го потпиша при доаѓањето му истекува наредната година, па Саудијците би можеле да го доведат за ниска оштета.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Ако Лозано замине, на десната крилна позиција тимот на Елиф Елмас ќе го има само Матео Политано кој во финишот од сезоната му беше резерва на Лозано. Тоа значи дека во Наполи ќе мораат да доведат замена, а се најавува дека тоа може да биде 22-годишниот Јапонецот Такефуса Кубо.

Кубо зад себе има одлична сезона во Реал Сосиедад и со девет гола и исто толку асистенции даде голем допринос во освојувањето на четвртото место и директниот пласман во Лигата на шампионите. Како дете беше дел од „Ла Масија“, а потоа се врати во Јапонија каде што на 15 години стана најмладиот играч кој настапил во најсилното првенство во оваа земја.

Во Шпанија го врати Реал Мадрид за кој никогаш не настапи и беше испраќан на позајмица во Виљареал, Гетафе и Мајорка, Сосиедад минатото лето за него плати 6.5 милион иевра. Реал Мадрид го задржа правото на 50% од сумата од неговиот следен трансфер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Челзи спреми 70 милиони за ѕвездата на Аталанта

Челзи се приклучи во трката за потписот на ѕвездата на Аталанта и холандски репрезентативе…