Дома Македонски спорт Мак ракомет Стоилов: Тешко е, но сега сме фокусирани само на Сегед

Стоилов: Тешко е, но сега сме фокусирани само на Сегед

Капитенот на Вардар, Стојанче Стоилов вели дека не е едноставно да се прифати одлуката на Сергеј за напуштање на клубот, особено поради фактот што сега иднината е нејасна.

Иако владее неизвесност за иднината на клубот, сепак „црвено – црните“ се максимално фокусирани се на противникот и целта за трет Ф4 турнир по ред.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


„Ова е најважниот меч за нас сезонава. Можеби последен натпревар од Лигата на шампионите на овој Вардар каков што го знаеме, по најавата на Сергеј Самсоненко. Сепак, тоа во моментов е оставено на стенд-бај. Знаеме колку е важен овој двомеч со Пик Сегед. Според мене тие се фаворити. Таа улога им ја оставам на нив. Ние ќе дадеме се од себе и пред полна сала да го совладаме Сегед и да бидеме чекор поблизу до пласманот на Ф4″, изјави капитенот Стоилов.

„Тешко е, ова е мој клуб, во овој град сум пораснат, навивач сум на Вардар, но животот продолжува, ќе видиме што ќе се случи. Сега мислиме само на Сегед“, додаде Столе.

„Фокусирани сме на натпреварот. Сигурно дека минатиот викенд не беше добар за никого, но јас и играчите само размислуваме како да играме и да го победиме Пик Сегед. Ако сакаме да одиме во Келн мора да ги победиме. Тие играат многу добро цела сезона. Сигурен сум дека и со нас ќе го пружат најдоброто. Ова не беше најлесна недела за работа, но се обидуваме да ја адаптираме играта за Сегед“, изјави тренерот Парондо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Вардар се засили со дефанзивецот Пинтер

Вардар започна со засилувања за пролетниот дел од сезоната. Нов играч на најтрофејниот мак…