Дома Македонски спорт Мак ракомет Стоилов: Разочарани сме, Манасков: Тоа е реалноста!

Стоилов: Разочарани сме, Манасков: Тоа е реалноста!

Македонската ракоментна репрезентација загуби во клучниот меч против Исланд (24:22) и не се пласира во следната фаза на Светското првенство.

Ова е прв пат после цели 20 година Македонија да не се пласира во следната фаза, а ракометарите не го криеа разочарувањето.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


„Секако дека сме разочарани бидејќи воглавно одигравме добар натпревар. Сепак, знаеме дека ракомет се игра 60 минути, не може да играме добро едно полувреме. За жал таа е реалноста, она што го увидовме на овие последни три натпревари, кога сме на брзата страна можеме со секого, но потоа на другата страна имаме проблеми што не успеавме да ги надминеме. Тоа е ракометот, имавме шанса да се вратиме, не ја искористивме и на крајот Исланд заслужено победи“, изјави Стоилов.

„Ова е реалноста во моментов за оваа репрезентација. Одиме понатаму да одиграме во Келн за да видиме на кое место ќе го завршиме ова првенство. Тешко е, можеби доаѓаат проблематични денови за македонската репрезентација, имаме играчи кои се пред пензија, но работиме на тоа да не се случи“, истакна Манасков.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Започна пријавувањето за Виз Ер Скопскиот маратон

На 06.10.2024 со старт 08:00 часот, ќе се одржи 20. јубилејно издание на најпознатата и на…