Дома Македонски спорт Стоилов: Не ми е јасно како од петта брзина уфрливме во прва

Стоилов: Не ми е јасно како од петта брзина уфрливме во прва

stole

На едно коло пред крајот од групната фаза на Светското првенство, Македонија го игра клучниот натпревар против Исланд.

Шпанија вчера беше подобра и ја оправда фаворитската улога против нас, иако во првото полувреме одигравме фантастично.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Свој коментар за средбата после натпреварот даде и Стојанче Стоилов.

„Навистина не знам како од петта брзина уфрливме во прва. Одново ни се случи истото, промашивме премногу шанси, а против ваква селекција тоа не е смееше да го направиме. Ја изгубивме концентрацијата на неколку минути и тогаш не беше рационално да продолжиме. Исланд е клучниот натпревар и се надевам дека ќе ги користиме шансите. Имаме желба и борбеност, но концентрацијата мора да се задржи“, изјави Столе.

Натпреварот помеѓу Македонија и Исланд се игра вечерва од 18:00 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Вардар се засили со нов ракометар!

Вардар активно работи на засилувања што ќе можат да одговорат на барањата на стручниот шта…