Стигна и потврда, за летните активности на италијанскиот шампион Јувентус кога во прашање се пријателските натпревари.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Имено на 1 август Јувентус во Атланта на „Мерцедес Аrenata“ ќе одигра натпревар против МЛС ѕвездите.
Минатата гостин на МЛС ѕвездите беше Реал Мадрид. Во минатогодишниот тим составен од играчи во МЛС лигата играа играчи како Кака, Давид Виља, Бастијан Швајнштајгер и поранешниот фудбалер на Јувентус Себастијан Џовинко.
Швајни, Виља и Џовинко се очекува повторно да бидат во тимот (Виља може да биде изоставен доколку добие повик од Шпанија за Мундијалот).
Еден од најмотивираните на оваа средба секако ќе биде Џовинко или „Атамоската мравка“ кој веројатно ќе биде максимално мотивиран да му покаже на Јувентус дека погреши кога го остави да си замине.