Дома Македонски спорт Мак фудбал Стигна потврда од УЕФА: Вардар избегна двегодишна суспензија од Европа!

Стигна потврда од УЕФА: Вардар избегна двегодишна суспензија од Европа!

Oд Европската куќа на фудбалот (УЕФА) денес потврдија дека најтрофејниот македонски клуб Вардар избегнал двегодишна суспензија од европските натпреварување.

Во објавата на УЕФА денес се потврдува дека Вардар ги подмирил долговите до 30 септември 2018 година и така „црвено-црните“ избегнале суспензија од две години.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Вардар сметките ги подмерил во последниот ден од од рокот. Ова е добра вест за Вардар, но за жал поради тоа што не доби лиценца од ФФМ најтрофејниот македонски клуб ова лето нема да биде дел од европските квалификации.

УЕФА условно го суспендираше Вардар заедно со Левски за следните две сезони, меѓутоа покрај Вардар и бугарскиот тим избегна суспензија.

„Двата клуба доставија докази кои го задоволија судскиот совет и фактот дека условите се исполнети“, стои во објавата на УЕФА.

Местото на Вардар во европските квалификации ова лето ќе го превземе Македонија Ѓ.П која играше финале во купот против Академија Пандев и заврши како петопласирана во првенството.

Фото: Фк Вардар

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

МЗТ: Не сме маалски клуб, нема да дозволиме да се шират лаги и невистини!

Екипата на МЗТ Скопје поминува низ еден тежок период, а клубот сега се огласи со соопштени…