Трансфер сапуницата се ближи кон својот крај!
Многу пресврти беа видени во трансферот на Набил Фекир во Ливерепул.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
„Црвените“ од поодамна го означија Фекир како замена за Фелипе Кутињо кој во јануари премина во редовите на Барселона, но претседателот на Лион прво тврдеше дека сака да го почека Светското првенство после кое цената на Фекир би можела да порасне.
После тоа се појавија информација дека Ливерпул сепак успеал да постигне договор и дека Фекир поминал медицински прегледи пред да отпатува за Русија.
Потоа следуваше шокатна информација! Наводно проблематичното коленото на францускиот фудбалер го стопирало трансферот, се шпекулираше и дека неговите агенти не се задоволни со одредени клазули.
Сега пристигнуваат добри вести за навивачите на Ливерпул, имено Фекир ги поминал лекарските прегледи и во секој момент се очекува да биде промовиран како ново засилување на клубот од „Енфилд“.
Цената како што пренесува „Индепендент“ изнесува 60 милиони фунти (околу 68 милиони евра), а сето тоа го потврди претседателот на Фудбалскиот сојуз на Франција, Ноел Ла Грет.
„Тој е сред преговори и мислам дека се е завршено. Поминав со него 15 минути утрово и во овој момент неговото внимание е насочено кон репрезентацијата на Франција“.
„Ги помина лекарските прегледи во Клерфонте. Тоа е логично. Се радуваше на тоа и посетата која ја имаше претходно беше навистина позитивна“, изјави Ле Грет.
Значи, изгледа дека се е готово и дека во секој момент може да се очекува Фекир да биде промовиран како ново засилување на Ливерпул.