Ова попладне во англиските медиуми се појави вест дека Арсенал ја испратил понудата за Вилфред Заха.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Заха веќе неколку дена се поврзува со Арсенал, а сега пристигнува потврда дека самиот фудбалер притиска за трансфер и тоа од сигурен извор. Братот на Заха откри дека Вилфред прави максимални напори да се пресели во Арсенал.
„Заха секогаш ќе го носи Палас во своето срце и ќе биде благодарен и на клубот и на навивачите за тоа што го доби тука. Сепак, мојот брат сонува да игра за Арсенал. Добро знам колку мојот брат му помогна на овој клуб и сега се надевам дека Палас ќе му излезе во пресрет и ќе се договори со Арсенал. Време е да се оствари неговиот сон и да заигра за клубот за кој навива уште од детството“, откри Жудикел Заха за „Скај Спорт“.
Освен оваа изјава на братот на Заха се појави и информација дека Арсенал испратил официјална понуда од 40 милиони фунти.
Arsenal make £40m bid for Crystal Palace winger Wilfried Zaha. Zaha wants to move to Arsenal
— Kaveh Solhekol (@SkyKaveh) July 1, 2019