Медиумите веќе неколку дена пишуваат дека Барселона преговара со Родриго, а сега добивме и јавна потврда.
Барселона е во потрага по напаѓач кој ќе го замени повредениот Луис Суарез кој мораше да направи операција на коленото. Тренерот на Валенсија, Алберто Селадес пред медиумите призна дека Барселона преговара со Родриго.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
„Родриго е одличен играч кој може да направи разлика на теренот. Барселона сака да го доведе и знаеме дека се водат преговори помеѓу двете страни, нема да го криеме тоа“, изјави Селадес.