Дома Фудбал Стигна потврда: Алегри суспендиран на два натпревари

Стигна потврда: Алегри суспендиран на два натпревари

Тренерот на италијанскиот фудбалски гигант Јувентус, Масимилијано Алегри е суспендиран на два натпревари поради неспортско однесување за време на финалето на купот против Аталанта.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Алегри ги загуби нервите во судиското надополнување, ја фрли јакната, саркастично ракоплескаше и ги навредуваше судиите, по што беше исклучен.

Алегри доби суспензија од два натпревари, важечка за натпреварите од Купот на Италија, плус 5.000 евра парична казна. Јувентус во финалето на купот ја победи Аталанта со 1:0, а решавачкиот гол беше дело на Душан Влаховиќ во четвртата минута од натпреварот.

За Алегри тоа беше последно финале на клупата на Јувентус. Одамна беше извесно дека италијанскиот стручњак ќе го напушти Торино, а сега тоа го потврди и Фабрицио Романо: „Јувентус и Алегри ќе се разделат и тој нема да биде тренер на Јувентус од следната сезона. Прв кандидат за клупата на Јувентус е Тиаго Мота од Болоња.“

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Роналдо одговори на провокациите од навивачите на Ал-Ахли (Видео)

Кристијано Роналдо повторно беше во центарот на вниманието, не само поради своите фудбалск…