Сопственикот на катарскиот Ал-Сад бара од претседателот на Барселона, Жоан Лапорта да дојде во Доха за да ја заврши работата.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
После смената на Роналд Куман, Барселона се обидува да го доведе Чави. Првиот официјален контакт веќе е направен, но од Катар бараат лично Лапорта да дојде во Доха.




„Ако сака Барселона да ја заврши операцијата со Чави на пријателски начин и без проблеми мора да дојде во Доха. Шеикот сака рамнопаравен договор со Барселона и не сака да преговара со никој друг освен со Лапорта“, гласи пораката од Доха.




Следниот натпревар на Барселона во Лигата на шампионите е против Динамо Киев, а Барселона дали пред или после тој меч ќе мора да најде начин и време да отпатува во Доха по Чави. Инаку, денес шпанските медиуми најавија дека Барселона би можела Чави да го промовира во четврток.