Дома Фудбал Останато Стигна објаснување: Еве зошто не беше поништен третиот гол на Ајакс против Реал!

Стигна објаснување: Еве зошто не беше поништен третиот гол на Ајакс против Реал!

Фудбалерите на Ајакс во реваншот од осминафиналето до Лигата на шампиони сензационално го победија Реал Мадрид со 4:1 на „Сантиаго Бернабеу“ и изборија пласман во четвртфиналето.

Во првите дваесет минути гостите од Ајакс постигнаа два гола, а потоа во 62-та минута Душан Тадиќ го постигна и третиот гол, кој веројатно беше пресуден за елиминација на „кралевите“.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Токму тој гол крена најголема полемика бидејќи дојде после една сомнителна ситуација на аут линијата. Судијата Брих со помош на ВАР прегледуваше дали топката ја поминала гол линијата, а потоа го признаа голот.

Од еден агол на успорената снимка се чинеше дека топката со цел обем ја помина гол линијата, меѓутоа судијата го призна голот, а УЕФА денес излезе со објаснување.

„Немаше ниту една снимка на која чисто можеше да се види дека топката ја премина во целост гол линијата. Линискиот судија кој беше во совршена позиција не виде дека топката ја мина линијата, па голот е признат по негова одлука“, стои во соопштението на УЕФА.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Чави е пред договор со новиот клуб!?

Чави Ернандез се уште стои на ставот дека заминува од Барселона на крајот на сезоната, рак…