Во четвртокот во Цирих беше одржана церемонијата за избор за најдобар играч во светот за 2020 година.
ФИФА одлучи наградата да заврши кај Роберт Левандовски кој навистина доминираше со Баерн во претходната сезона. Покрај Левандовски во конкуренција беа уште Роналдо и Меси.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
На удар на критики после доделувањето се најде Роналдо поради неговата „ладна“ реакција кога Левандовски беше прогласен за најдобро. Португалецот доби голем број критики, меѓутоа сега пристигна објаснување.
Италијанските медиуми објавија дека на Роналдо му доцнела селиката и не слушнал во истиот момент за прогласувањето. Објавени се и фотографии со насмевка на Роналдо кога слушнал дека Лева е победникот.