Дома Трансфер зона Стигнаа две понуди за Облак, но сумата која ја бара Атлетико е вртоглава

Стигнаа две понуди за Облак, но сумата која ја бара Атлетико е вртоглава

Словенечкиот голман Јан Облак (25) би можело да ја продолжи кариерата во англиската Премиер лига.

Како што пишува шпанскиот „AS“, чуварот на мрежата на Атлетико Мадрид добил понуди од Арсенал и Ливерпул и постои можност Облак да ја продолжи кариерата во Премиер лигата. Двата англиски тима бараат долгорочна замена на позицијата голман. Како идеален човек го гледаат 25-годишниот Словенец кој веќе со години на одличен начин ја чува мрежата на тимот од Мадрид.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Меѓутоа, цената за сега е голем проблем. Управата на Атлетико за Облак бара 100 милиони евраи тоа за сега ги одбива потенцијалните купувачи. Словенецот претходно се поврзуваше со францускиот ПСЖ. Сепак, од тоа барем засега нема да има ништо, а дали на крајот Облак ќе заврши во Премиер лигата ќе видиме на лето. Одличниот голман е член на Атлетико од 2014. година. Пристигна од Бенфика и неговото ангажирање се покажа како навистина одличен потег.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Барселона пронајде засилување во Баерн, спремна да плати 70 милиони евра?

Поради тешката финансиска состојба, Барселона летово ќе биде принудена да продава играчи, …