Дома Македонски спорт Мак фудбал Стефан Костов ја засили одбраната на Пелистер

Стефан Костов ја засили одбраната на Пелистер

Нов играч на ФК Пелситер е Стефан Костов кој игра на стоперската позиција, а претходно има настапувано за Тиквеш, Академија Пандев, Ренова и Брегалница.

Костов потврди дека преговорите со Пелистер траеле подолго време и сега трансферот конечно се реализирал. Амбициите на клубот секако се враќање во Првата лига.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Веќе подолг период сум во преговори со Пелситер кои конечно се реализираа. Имаме заедничка цел, а тоа е да го вратиме Пелистер во ПМФЛ и среќен сум што ќе можам да дадам придонес и да помогнам во тоа“, изјави Стефан Костов

Во изминатата сезона, Пелистер заврши на четвртата позиција во Втората лига зад Гостивар, Воска и Вардар.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Изминаа десет години од смртта на човекот за кој фудбалот беше образование, животна школа и надеж.

Денеска се навршуваат 10 години од смртта на поранешниот генерален секретар на Фудбалската…