Дома Фудбал Италија Статистиката вели: Донарума е најдобар голман во Европа!

Статистиката вели: Донарума е најдобар голман во Европа!

Специјализираниот фудбалски портал „Whoscored.com“ изнесе статистика според која голманот на Милан Џанлуиџи Донарума е најдобар во Европа во 2019 година.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Според податоците на оваа страницата репрезентативецот на Италија имал просек на успешни одбрани од 81.9 по што е најдобар во топ пет лиги во Европа (Англија, Шпанија, Италија, Франција и Германија).

Зад Донарума се најде Словенецот Јан Облак од Атлетико Мадрид со просек од 81.2, а на третото место е уште еден Италијанец, голманот на Торино Салваторе Сиригу со 79.2 процент на успешни одбрани.

Најимпресивно во целата ситуација е што Донарума има само 20 години, а во Серија А дебитираше како 16 годишник. Младиот голман е член на Милан до 2015 година, а репрезентацијата на Италија одигра 14 натпревари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Гвардиол на Светското првенство дознал вест која би можела многу да измени

Англиските медиуми објавија дека Манчестер Сити подготвува нов повеќегодишен договор за хр…