Дома Останати Кошарка СТАРТУВА НБА: Европа со никогаш повеќе претставници!

СТАРТУВА НБА: Европа со никогаш повеќе претставници!

Oваа сезона во НБА ќе играат 67 играчи од Европа, а најголемиот број кошаркари доаѓаат од просторите на поранешна Југославија, за жал и оваа сезона нема да имаме можност да гледаме еден Македонец на паркетот заедно со најдобрите.

Во сезоната 2018/2019 во НБА ќе се појават рекорден број на играчи од Европа – дури 67, а 17 (најмногу) доаѓаат од просторите на поранешна Југославија.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Бројката од 17 кошаркари од просторите на поранешна Југославија зборува дека играта под обрачите достигна едно повисоко ниво.

Од вкупниот број петмина доаѓаат од Србија (Никола Јокиќ, Милош Теодосиќ, Бобан Марјановиќ, Немања Бјелица и Богдан Богдановиќ). Хрватите се горди на шестмина (Дарио Шариќ, Бојан Богдановиќ, Ивица Зубац, Драфан Бендер, Анте Жижиќ и Марио Хезоња), по двајца имаат Словвенците (Горан Драгиќ и Лука Дончиќ) Босна и Херцеговина (Јусуф Нуркиќ и Џанан Муса) и Црна Гора (Никола Вучевиќ и Никола Миротиќ).

Најмногу играчи кои доаѓаат од овие простори во главно се високи и играат на центарските позиции.

Дојде време во НБА да се пробаат и тренерите кои не се родени на северноамериканскиот континент, но не како помошници, туку како главни во својот табор. Душан Дуда Ивковиќ можеше во 2002 година да стане првиот тренер кој не е Американец во НБА лигата, но ја одби понудата од Денвер бидејќи веќе имаше вербален договор со ЦСКА.

„Неправдата“ беше исправена 16 години подоцна кога Србинот Игор Кокошков беше именуван за прв тренер на Феникс. Човекот кој на Словенија и го донесе европското злато во 2017 година.

Првите натпревари во НБА лигата се играат на ноќта помеѓу 16-ти и 17-ти октомври.

Во првите натпревари ќе се сретнат:

Милвоки – Шарлот

Бруклин – Детроит

Мемфис – Индијана

Мајами – Орландо

Њу Орлеанс – Хјустон

Минесота – Сан Антонио

Јута – Сакраменто

Денвер – ЛА Клиперси

Далас – Феникс

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Лапорта се расплака: Треба да бидеме горди на Чави🎥

Тренерот на Барселона, Чави Хернандес се предомисли и реши да остане на кормилото на клубо…